Кинеска ракета се движи кон Земјата: На Италијанците им советуваа вечерва да останат дома, токму таму може да паднат делови

Италијанската цивилна заштита ги предупреди жителите на јужните региони Умбрија, Лацио, Абруцо, Молизе, Кампанија, Базиликата, Апулија, Калабрија, Сицилија и Сардинија да останат „во затворено“ ноќта на 8-9 мај, бидејќи постои можност остатоците на кинески сателит, кој паѓа на Земјата без контрола, да завршат во делови од истите италијански региони.

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курка, што го пренесува агенцијата Анса, постои мала веројатност делови од сателитот, дури и да паднат, да ги оштетат зградите, но на граѓаните им се препорачува да останат зад затворени врати околу 2,00 часот на 9 мај.

Како што веќе беше најавено, остатоците од кинескиот сателит, кој е во орбита без контрола со центарот на Земјата, треба да паднат, според кинеските експерти, некаде во морето, но има и мала веројатност тие да завршат таму каде што не се планирани.