Кинеската армија се подготвува за најлошото сценарио во Тајванскиот теснец

Со зголемување на тензиите во Тајванскиот теснец, Народноослободителната армија на Кина ќе го применат најлошото можно сценарио во текот на воените маневри, пишува кинескиот весник Global Times.

„Јапонија и Соединетите држави ги разгледуваат плановите да интервенираат во тајванското прашање со воени средства, па затоа Народноослободителната армија на Кина ќе изведе повеќе вежби според најлошото сценарио“, изјавил за весникот кинески воен стручњак кој барал да остане анонимен.

Соговорникот на весникот истакнал дека неодамна кинеската војска извела три големи вежби на подрачјето на островот Тајван што „последните години беше реткост“.

Уште еден воени стручњак, Сонг Жонгпинг, нагласува дека во моментов кинеската армија не само што истапува со предупредувања, туку е ангажирана и во практични подготовки за воени конфликт, којшто „веќе не изгледа невозможен“.

Претходно во средата портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, изјави дека американската поддршка на сепаратистичките сили на Тајван може островот да го втурне во опасност и неизвесност.

„Од неодамна САД постојано преземаат дејствија во врска со тајванското прашање, зборуваа едно а правеа друго, тајно и отворено ги поттикнуваа и поддржуваа силите кои се залагаат за независност на островот, што може да го доведе Тајван во опасна ситуација, а и самите САД може да се соочат со сериозни последици“, рече Сонг.

Претходно Жу Фенглијан, портпаролката на Канцеларијата за тајвански работи при Државниот совет на Кина, изјави дека Пекинг е подготвен да вложи максимални напори за мирно обединување со Тајван, но во никој случај нема да се откаже од можноста за употреба на сила и преземање на сите неопходни мерки против надворешно мешање и сепаратистите коишто се залагаат за независноста на островот.

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изјави дека САД се подготвени за воена интервенција во одбрана на Тајван „во случај на инвазија“ и обиди еднострано да се измени „тајванското статус-кво’. Подоцна Белата куќа појасни дека Бајден зборувајќи за американската подготвеност за воен ангажман во одбраната на островот, имал предвид снабдување со оружје за самоодбрана на Тајван. Подоцна Бајден одговарајќи на новинарско прашање дали САД ќе испратат војска на Тајван во случај на кинеска инвазија потврди дека позицијата на Вашингтон по ова прашање е непроменета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.