Кинеската полиција со голема донација за македонските колеги

Претставници на амабасадата на Кина во Скопје во вторникот на претставниците на македонското Министерство за внатрешни работи ѝ предадоа донација од кинеската полиција, која се состои во медицинско-хигиенски материјали за заштат на полициските службеници при вршење на задачите во справувањето со епидемијата од коринавирусот.

Оваа помош, како што наведува во писмената изјава техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, доаѓа, како што оценува, по „извонредната соработка“ со кинеската полиција, на претходно негово барање и директна комуникација со кинеските колеги.

„Со големо задоволство сакам да ја информирам јавноста дека денес, а во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на мое претходно барање и оствараната комуникација, преку амбасадата на НР Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.

Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значението на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање закани кои што имаат не национални ами глобални импликации, и чии што последици моѓат да бидат стравини, доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.

Сакам во оваа прилика, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите пријатели од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија“, наведува министерот Чулев.