Кинеската сонда влезе во орбитата на Марс

Кинеското вселенско летало без екипаж во средата успешно влегло во орбитата на Марс, шест ипол месеци откако беше лансираната од Земјата, извести Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) во својата прва независна мисија на Црвената планета

Агенцијата објави дела леталото успешно ја намалило брзината до онаа на која ќе биде привлечена од гравитацијата на Марс. Лансирана во јули 2020-та од Кина, сондата минатата седмица ги испрати на Земјата првите фотографии снимени на 2,2 милиони километри од Марс.

Во следните околу три месеца, леталото „Tianwen-1“ ќе се обиде да го испрати лендерот со 240 килограми тешкиот ровер во брзото седумминутно спуштање во областа наречена Утопија Планитиа на северната хемисфера на Марс.

Доколку спуштањето биде успешно, роверот кој се напојува со соларна енергија ќе ја истражува површината на Марс во текот на 90 дена, проучувајќи ја почвата во потрага по знаци за древен живот. Со помош на посебен радар кој продира под поврината на почвата ќе истражува дали постојат под неа вода и мраз.

Леталото „ Tianwen-1“, или „Прашања упатени до небото“, според насловот на кинеска песна напишана пред две илјади години, е првата независна кинеска мисија на Марс по заедничкиот но неуспешен обид со Русија во 2011 година леталото да ја напушти орбитата на Земјата.

Амбициозната кинеска програма има цела да оствари сѐ што досега САД постигнаа во неколкуте мисии изведени во 1960-те години: да постави сонда во орбитата, да се спушти на планетата и конечно да ја истражува со ровер.

Меѓутоа, кинеската мисија е само една од трите коишто овој февруари за цел го имаат Марс. Во вторникот вселенското летало „Hope“ (Amal на арапски јазик) кои го лансираат Обединетите Арапски Емирати успешно влезе во орбитата. Леталото нема да се спушта на Марс туку ќе кружи околу него собирајќи податоци за атмосферата и временските прилики.

Во најмабициозната досега американска мисија на Марс, една тона тешкиот ровер „ Perserverance“ треба да стаса на 18-ти февраури. Веднаш ќе направи обид да атерира во карпестата депресија со стрмни падини нареченеа Кратерот Езеро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.