Кинеската вакцина против Covid-19 покажува ефикасност до 97 отсто

Индонезиската државна фармацевтска компанија „Bio Farma“ соопшти во вторникот дека прелиминарните податоци од испитувањето на кинеската вакцина против коронавирусот „Sinovac“ покакажале ефикасност до 97 отсто, пренесе агенцијата Reuters повикувајќи се на изјава од компанијата.

„Нашата групација, која спроведуваше клинички испитувања еден месец, откри дека средните податоци покаживаат нејзина (на вакцината) 97-процентна ефикасност“, изјавил Иван Сетиаван, портпарол на компанијата „Bio Farma“.

Портпаролот истакнал дека компанијата очекува дека индонезискиот регулатор ќе издаде дозвола за користење на вакцината „Sinovac“ зе итни случи кон крајот на јануари.

Претходно индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека неговата земја има намера да започне масовна вакцинација против коронавирусот до крајот на годинава. Безбедноста на вакцините е приоритет во овој поглед, рече Видодо тогаш. Први кои ќе бидат вакцинирани во Индонезија ќе бидат здравствените работници и припадниците на полицијата и на војската.

Индонезија има намера во првите фази од масовната вакцинација да ги користи препаратите од кинеските компании „Sinovac“ и „Sinopharm“, кои ќе ѝ испорачаат на земјата 18 милиони дози од вакцината против коронавирусот, од кои 15 милиони дози ќе бидат произведени во домапшната компанија „Bio Farma“. Вкупно, според агенцијата, Индонезија скучила договори за набавка на 250 милиони дози од вакцините за Covid-19 до крајот на 2021 година, меѓу кои и од американската компанија „Novavax“.