Кинеската вакцина за коронавирусот одобрена за тестирање на воени доброволци

178

Кинеската армија доби одобрување од владиниот регулатор за користење на препаратот кој треба да биде развиен во вакцина за Covid-19, развиен во соработка со компанијата „CanSino“ којашто делува во рамките на воениот медицинско-истражувачки комплекс.

Препаратот под назив „Ad5-nCoV“, чии клинички испитувања покажале дека е безбеден и во одредена мера ефикасен, е еден од осумте кандидати за вакцина за Covid-19 кои ги развиле кинеските компании, а регулаторите одобрија преминување во фазата на испитување кај луѓе. Одобрени се и тестирања во Канада.

Централната кинеска воена комисија на 25-ти јуни го одобрило вакцинирањњето на војници доброволци во едногодиштен период, се наведува во соопштението на компанијата „CanSino“.

Вакцината во заедничка соработка ја развиле „CanSino“ и пекиншкиот Институт за биотехнологија кој делува при Академјата за воено медицински науки.

„Ad5-nCoV во моментов е ограничен замо на воена употреба, и засега без одобрување од Одделот за логистичка поддршка не може да има поширок распон на користење“, соопштија од „CanSinо“ повикувајќи се на објавата од Центалната воена комисија на Кина којашто го одобрила вакцинирњето на војниците доброволци.

Клиничките испитувања во фазите 1 и 2 покажале дека споменатата вакцина може да спречи болести предизвикани од коронавирусот, но нејзиниот комерцијален успех не може да биде гарантиран, објави компанијата.

Засега во светот нема ниеден препарат што е одобрен за масовна употреба против Covid-19, но во моментов во повеќе земји се вршат тестирања врз луѓе на повеќе од стотина кадидати за вакцина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.