Кинески адвокат за човекови права осуден на речиси 5 години затвор

Ванг Чуангџанг со сопругата Ли Вензу
Ванг Чуангџанг со сопругата Ли Вензу

Истакнатиот адвокат за човекови права Ванг Чуангџанг денеска во Кина е осуден на 4,5 години затвор поради „поткопување на државната власт“.

Ванг, кој ги бранеше политичките активисти, жртвите на запленето земјиште и членовите на забранетото духовно движење Фалунг Гонг, беше уапсен заедно со повеќе од 200 адвокати за човекови права и активисти во големата операција што почна во јули 2015 година.

Ванг беше во затвор повеќе од три години, а неговото семејство не знаеше дали е жив. Неговата сопруга Ли Вензу беше во домашен притвор повеќе пати со цел да ја спречат да протестира поради затворањето на Ванг.

Ванг работеше, за сега затворената правна компанија Фенгруи во Пекинг, позната по преземање на случаи на дисиденти, вклучително и делото против уметникот Аи Веивеи. Тој се соочува со казна доживотен затвор, а ќе му бидат одземени и неговите политички права на пет години.

Пресудата на Ванг предизвика критики од активистите за човекови права.

Денешната пресуда е голема неправда. Страшно е што Ванг Чуангџанг е казнет за мирољубива заштита на човековите права, изјави истражувачката на „Амнести интернешнал“ Дориан Лау.