Кинески авион излетал од пистата, еден час кружел над аеродромот

Авион „боинг 737“ на кинеската компанија „Сајмен ерлајнс“ се урна денеска при слетувањето на аеродромот во Манила на Филипините, јави “„Раша тудеј“.

Авионот кој летал од Сајмен за Манила околу еден час кружел над аеродромот додека пилотот не одлучи да слета. Леталото слизнало од пистата по вториот обид за принудно  слетување.

Според последните информции, нема повредени, а екипажот и 165 патници безбедно се евакуирале.  Неофицијално, инцидентот се случил поради дефект на еден од моторите.

Причинета е голема штета на авионот, бидејќи моторот го уништил левото крило на  „Боингот 737-800“.

„Сајмен ерлајнс” е патничка авиокомпанија со седиште во градот Сајмен во провинцијата Фуџијан. Компанијата има флота од 164 авиони.