Кинески балистички ракети веројатно паднал во водите на Јапонија

Кинеските балистички ракети истрелани во четвртокот според најавите во рамките на воените маневри близу Тајван како што се очекуваше и предупредуваше, веројатно паднале во областа на јапонската исклучива економска зона (EEZ) што би било првпат во историјата, изјави во четвртокот јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

„Постои сомневање дека пет од деветте балистички ракети истрелани од Кина паднале во ексклузивната економска зона на Јапонија“, изјави министерот Киши за новинарите во Токио.

Кина ги започна големите воени маневри во шест зони во водите околу островот Тајван, кој Пекинг го смета за своја одметната покраина, како демонстрација на протест по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси,

„Јапонија ѝ испрати протестна нота на Кина по дипломатски пат“, додал Киши нарекувајќи го инцидентот „тежок проблем кој ја нарушува јапонската национална безбедност и сигурноста на сите јапонски граѓани“.

Некои острови од префектурата Окинава, на крајниот југ од Јапонија, се оддалечени само десетина километри од Тајван. Киши појаснил дека ова е првпат кинески балистички ракети да навлегуваат во јапонската ексклузивна економска зона. Процената за деветте лансирани проектили е јапонска, додал министерот.

Кина по неколкуте воени вежби минатата седмица и во вторникот, од четвртокот напладне ги започна досега најголемите маневри околу Тајван како одговор на посетата на Пелоси на островот, и покрај острото противење од Пекинг за кого тоа претставува американско кршење на кинескиот територијален суверенитет и интегритет и дека Вашингтон се повлекува од договорот според кој нема да одржува дипломатски и политички односи со Тајпеј на највисоко ниво.

Во четвртокот започнатите кинески маневри вклучуваат стрелби со боево оружје во шест области околу Тајван, во области коишто инаку е многу фреквентен трговски коридор од кои некои се оддалечени само 20 километри од тајванскиот брег. Вежбите вклучуваат и лансирање „конвенционални ракети“ во водите крај источниот брег на Тајван, потврди Ши Ју, портпаролот на кинеските оружени сили кои претходно предупредија дека некои може да паднат и во ткн Јапонско Море.