Три кинески воени брода ја завршуваат поморската воена вежба во Индискиот океан и се упатиле кон западниот Пацифик, укажувајќи на се’ поголемиот домет на кинеските поморски сили.
Најголемиот кинески брод „Чангбаишан“ на 29-ти јануари пристигна во Индискиот океан, каде извеле вежби врзани за борбата против гусарите и спасување на жртви од бродолом.
Бродовите по крајот на вежбата се упатија кон Филипините и се очекува дека во Кина ќе се вратат преку Јужното Кинеско море, каде постои територијален спор на Пекинг со Филипините околу повеќе помали острови, риболов и можни извори на нафта.