Кинески челник вели дека САД се обидуваат да ги спротистават Москва и Пекинг

Соединетите држави се обидуваат да внесат раздор меѓу Русија и Кина, но Москва и Пекинг нема да паднат на оваа мамка, порача во средата претседателот на постојаниот комитет на Секинеското собрание на народните претставници, Ли Чжаншу на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

„Денес САД остваруваат двојно одвраќање во односите на Кина и Русија, а исто така се обидуваат и да не спротистават, но ние добро го согледуваме тоа и нема да паднеме на нивната мамка. И натаму ќе го зајакнуваме и цврсто ќе ги поткрепуваме заедничките стремежи да се следи сопствениот развоен пат, како и да се поддржуваат националните интереси кои го обезбедуваат суверенитетот и безбедноста на земјите“, изјавил високиот кинески функционер цитиран од агенцијата РИА.

Челникот на кинескиот парламент притоа изразил увереност дека Москва и Пекинг треба да ја донесат соработката на ново ниво во областите на економијата, науката, иновуациите, културанта размена и меѓунрегионалната соработка. Ли, исто така, ја истакнал потребата да се направат напори да се постигне целта за зголемување на кинеско-руската трговска размена до 2024 година на нивото од 200 милијарди американски долари.

Ли во средата му ги пренел на Путин честитките од кинескиот претседател Кси Џинпинг, забележувајќи ја големата важност од руско-кинеските односи.

„Последните години нашите односи достигнаа невидено високо ниво. Тоа беше можно благодарејќи на стратешкото лидерство и личните напори на шефовите на двете држави. Претседателот на Кина, Кси Џинпинг и Вие, сте големи политичари и стратези, кои мислат глобално и широко. Сеопфатниот развој на нашите односи е од полза за народите на двете земји, а исто така дава голем придонес во развојот на мирот и соработката на планетата во целина“, рекол претседателот на кинескиот парламент.

Ли истканал дека Путин и Кси се „мотивирани лидери кои имаат длабоко чувство за должност“.

„Вие не само што се целосно посветени на своите земји и на своите народи, туку и понесуваат и огромна одговорност за одржување на мирот на планетата“, додал Ли.

Претседателот на парламентот на Кина, исто така, истаканл дека политичките и личните односи на двајцата челници имаат големо политичко значење.

„Кина и Русија се примери за градење добри односи меѓу моќните држави, меѓу соседуте. Имаме многу заеднички интереси, животот ни говори дека нашето пријателство и соработка се искрени и перспективни“, додал високиот кинески функционер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.