Кинески генерал постхумно избркан од комунистичката партија

Кинеската Комунистичка партија постхумно избрка од партијата поранешниот генерал, кој се самоуби во текот на корупциска афера, а обвини друг генерал за корупција.

Официјалните медиуми објавија дека Џанг Јанг се убил во својот дом во ноември минатата година, по што ја прогласија неговата смрт како чин достоен за презир, бидејќи тоа го направил за да избегне казна.
Џанг е исклучен од партијата и постхумно му е одземен чинот, а имот поврзан со злосторството ќе биде одземен.

Џанг претходно го надгледуваше Секторот за политички работи под управа на владата и централната воена комисија на Комунистичката партија.

 

Другиот генерал, Фанг Фунгхуи, исто така беше исклучен од партијата и му беше одземен чинот, а му претстои воен суд поради обвиненија за корупција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.