Кинески ‘Huawei’ ги обвини САД за кибернетички напад и врбување на вработените

Кинескиот технолошки гигант „Huawei“ ја обвини владатата на САД дека ги користи „сите алатки што ѝ се на располагање“ за да предизвика нарушивање во неговото работење по извештајот на американските медиуми дека против компанијата е покрената истрага поради симневања за кражба на патенти.

„САД незаконски ги задржуваа нашите работници, изведуваат кибернетички напади за да се инфилтрираат во интерните информатички систени Huawei и испраќаат службеници на полициската агенција Федерално биро за истраги (FBI) во домовите на нашите службеници за да ги подложат на притисок за нив да собираат информации. Силно ги осудуваме малициозните, координирани настојувања на американската влада да го дискридитира Huawei и да ја огранички неговата водечка позиција во секторот“, се истакнува во сооппштението на компанијата објавено во вторникот.

Соопштението на „Huawei“ е реакција на извештајот на американскиот деловен дневен весник The Wall Street Journal, според кој американското министерство за правосудство покренало истрага против кинеската компанија поради сомневања дека украла патенти за фотоапаратите за нејзините паметни телефони. Од Huawei го негираат оваа обвинувања.

Американските функционери досега не ги коментираа тврдењата на кинеската компанија за кибернетичките напади врз неа.

Вашингтон го обвинува „Huawei“ за наводна шпионажа во полза на владата во Пекинг, и компанијата ја стави на „црната листа“ на министерството за трговија, забранувајќи им на американскиет компании да соработуваат со кинескиот телекомуникациски гигант. Паралелно се бара особено од европските сојузници да го исклучат Huawei од јавните набавки во врска со воспоставвуањето на мобилните мрежи од новата генерација 5G. Кинеската комапнија упорно ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека работи независно од владата во Пекинг.