Кинески Huawei го претстави оперативниот систем HarmonyOS

Кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“, кому поради американските санкции му се заканува забрана на пристапот до оперативниот систем Android, во петокот го претстави својот оперативен систем HarmonyOS со кој би можел да го опремува своите паметни телефони и „на светот да му донесе повеќе складност“.

Системот наречен HarmonyOS го претстави извршниот директор на компанијата Ричард Ју на развојната конференција на „Huawei“ во Донгуан на југот од Кина. „Сакаме на светот да му донесеме повеќе хармонија“, рече Ју, три месеца откако неговата компанија е ставена на „црната листа“ на САД поради наводно „можно“ шпионирање во полза на владата во Пекинг.

Компанијата „Huawei“ е вториот според обемот производител на паметни телефони во светот, а е доминантен во развојот на мобилната инфрастуктура и во воспоставување на петтата генерација мобилни мрежи 5G, а во мај се најде во центарот на трговската војна меѓу САД и Кина и борбата за технолошка надмоќност. Вашингтон го обвинува „Huawei“ дека во своите мобилни уреди вградува опции кои на кинеските власти им овозможува шпионирање, што компанијата решително го негира.

На американските компании поради тоа тероретски повеќе не им е дозволено да му продаваат технолошки производи на „Huawei“, што го вклучува и оперативниот систем Android на „Google“, кој инаку ги опремува најголемиот број мобилни телефони во светот.

Ју е убеден дека „Huawei“, долку има потреба за тоа, ќе може да функционира и без Android. „Доколку не го користиме повеќе, ќе можеме сите наши апликации да ги ставаме во функција со оперативниот систем HarmonyOS“, рече.

Развојат на оперативниот систем кој ќе го снабдува сегментот на мобилната телефонија е тешка и сложена задача. Покрај Android на „Google“ единствен и делумно популарен оперативен систем е iOS на „Apple“, кој е достапен исклучиво за моделите на iPhone. Технолошкиот гигант „Microsoft“ во 2010 година се обиде да лансира мобилна верзија на својот оперативен систем Windows10, но проектот не беше успешен.

Huawei“ на развојот на својот оперативен систем работи од 2012 година. Но без пристап до Android, популарните услуги на „Google“ и особено на Google Play“, компанијата би можела да има големи проблеми корисниците надвор Кина да ги увери во тоа дека треба да ги изберат нејзините телефони. Ју во петокот рече дека HarmonyOS до крајот на годината ќе биде инсталиран на паметните екрани, паметните часовници и сличните уреди во Кина. Следниот чекор би требало да биде ширење во светот. „Системот би требало да биде отворен за сите, бидејќи „Huawei“ сака да изгради глобален оперативен систем кон нема да му служи само на Huawei“, рече Ју.