Кинески медиуми: Велика Британија да признае дека не е „светска сила“

„Кина нема да падне на ’искреноста’ на Камерон“, наведува весникот.

Официјален Пекинг остро реагираше на минагодишната средба на Камерон со тибетскиот духовен лидер, Далај Лама, кој Пекинг го смета за сепаратист, а таа средба резултираше со заладување на дипломатските односи меѓу Британија и Кина.

Британскиот премиер пристигнал во тридневна посета на Пекинг, каде се сретнал со кинескиот колега Ли Кечијанг, потпишал низа трговски договори, а потоа разговарал и со претседателот на Кин Си Џинпинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.