Кинески „Sinopharm“ ја започна третата фаза од тестирањето на вакцината за Covid-19

Кинеската државна фармацевтска компанија „Sinopharm“ ги започна во Абу Даби ја спроведува третата фаза од тестирањето на вакцината за Covid-19 на околу 15.000 доброволци, потврдија во четвртокот властите на главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Тестирањето на луѓе се спроведува во соработка на кинеската Национална биотехничка групација (CNBG) која е дел од „Sinopharm“, компанијата „Group24“ од Абу Даби и градското Биро за здравство.

Студијата којашто се спроведува од средата е првата во светот во која во третата фаза се тестира „неактивна“ вакцина, појасни Ашис Коши, директор на компанијата G24 задолжен за здравствениот сектор.

Неактивната вакцина се состои од одлгедани вирусни честички,к бактерии или други патогени кои ја губат способноста да педизвикуваат болести. Од друга страна, пак, постојат и вакцини со живи но ослабени патогени. Таканаречената „неактивна вакцина“ се користи за третирање на болести како грипот и сипаниците.

Досега за комерцијално користење не е одобрена ниедна вакцина за коронавирусот, а според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), во моментов на луѓе се тестираат 23 потенцијални вакцини. Три се влезени во третата фаза во којашто се проверува ефикасноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.