Кинеската фармацевтска компанија „Sinopharm“ во петокот објави дека нејзиниот биотехнолошки оддел добила регулаторно одобрување за клинички испитувања на својата вакцина на база на „информативна“ рибонуклеинска киселина (mRNA) против Covid-19 којашто е насочена кон омикрон сојот на коронавирусот.
Биотехнолопкиот оддел на „Sinopharm“, чиешто седиште е во Шангај, изградила платформа за истражување и развој, како и и работилници со годишен производствен капацитет од две милијарди дози од mRNA вакцината.
Во Кина досега се развиени неколку домашни mRNA вакцини против Covid-19, но досега ниедна не е одобрена за употреба.
Од „China National Biotec Group Co Ltd“, која е биотехнолошкиот оддел на „Sinopharm“ објави дека добила одобрување за клинички испитувања од Националната управа за медицински производи. Притоа посочува дека ја дизајнирала вакцината mRNA којашто е насочена на омикрон варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2.
Во „Sinopharm“ досега развиja традиционална вакцина против Covid-19, но таа не постигнала голем ефикасност на истата таква руска вакцина „Спутник V“, како и вакцините базирани на платформата „mRNA-1273“ коишто ги произведуваат западните фармацевтски компании „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“.
Инаку, вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против Covid-19, како и на „Moderna“, којашто исто така е направена на платформата mRNA, беа предмет на регулаторна проверка во повеќе земји откако беа пријавени случаи на воспаление на срцето по вакцинирањето, како и смртни случаи од тромбоза.
Традиционалните, односно вакцините со вирусен вектор содржат инструкции за генерирање на антигени на коронавирусот, додека вакцините со mRNA користат код од SARS-CoV-2, коронавирусот што предизвикува Covid-19, за да предизвика имунолошки одговор кај примателот.