Компанијата сопственик на апликацијата за размена на куси видеа TikTok втора година со ред ќе биде официјален партнер на Евросонг, откако Европската радиодифузна мрежа (EBU) ја одбра оваа платформа за пренос во живо на музичкиот спектакл, како и за објавување на ексклузивните настапи и содржини зад сцената.
Објавата следеше откако редица европски земји следејќи го американскиот пример, вклучително и парламентот на Велика Британија во четвртокот објави дека ќе ја блокира кинеската апликација на службените уреди и мрежи поради наводни безбедносни причини.
Извршниот супервизор на EBU за Евросонгот, Мартин Остердал, изјави дека „милионите нови обожаватели на Евросонгот го открија настанот преки TikTok минатата година и знаеме дека уште милиони ќе бидат возбудени поради годинешниот посебен настан во Ливерпул“.
„И натпреварувањето Евросонг и TikTok пружаат меѓународна платформа за откривање свежи нови музики и уметници и се радуваме на заедничката соработка во создавањето уште поголеми хитови во 2023 година“, додаде Остердал.
Исто така, TikTok е партнер и на Visit Liverpool, откако најголемиот англиски пристанишен град беше избран за домаќин на изборот на песна на Европа во името на минатогодишниот победник Украина каде настанот не може да се одржи поради војната.
Апликацијата за социјалните мрежи ќе ги промовира местата за автобуси во градот и ќе биде домаќин во Евровизиското село, официјалната фанзона во петокот на 12-ти мај од 18,30 часот.
„Одушевемни сме што сме партнери со TikTok, претставувајќи го нашиот култен град на глобалната сцена и раскажувајќи ја автентичната приказна за Ливерпул нз очите на посетителите – креаторите на содржината“, рече Сјузан Финеган, комерцијална директорка на Culture Liverpool.
„Ги видовме легендите на Евровизијата како ги започнуваат своите патувања на TikTok, како Сем Рајдер од Обединетото Кралство, а песната на Евровизија напредува на платформата и надвор од самото натпреварување, како што е ‘Zitti E Buoni’ на (италијанскиот изведувач) Манескин“, вели Рич Ватерворт, главниот менаџер на TikTok за операциите во Европа.
Платформата TikTok е во сопственост на кинеската технолошка и интернет компанија „ ByteDance“, којашто ги отфрли обвинувањата дека ги споделува податоците со корисници со властите во Кина, иако Западот тврди дека наводно „кинеското разузнавачко законодавство бара од компаниите да ѝ помагаат на Комунистичката партија кога тоа од нив се бара“.