Кинескиот амбасадор во Израел пронајден мртов

Кинескиот амбасадор во Израел, Ду Веи, е пронајден мртов во неговиот дом, потврди денеска израелското Министерство за надворешни работи.

ДПА јави дека амбасадорот Веи во земјата пристигнал во февруари, откако од 2016 до 2019 година бил амбасадор во Украина.

„Тој имаше 58 години“, се наведува во соопштението, додавајќи дека неговата сопруга и синот не биле со него во Израел, пренесе германската агенција.

Полицијата ги испитува околностите околу неговата смрт.