Кинескиот DeepSeek го потресе светот на вештачката интелигенција, најде „исплатливо“ решение за развој

Кинескиот стартап „DeepSeek“ предизвика бура ширум светот со својот модел со отворен код за вештачка интелигенција DeepSeek-R1 и вртоглавиот успех на неговата апликација за вештачка интелигенција во САД, при што аналитичарите објаснуваат дека пронашле нова, „исплатливо“ развојно решение, пишува кинескиот дневен весник Global Times.

На почетокот на јануари, кинеската компанија го претстави на јавноста моделот со отворен код за вештачка интелигенција „DeepSeek-R1“, кој со „чисти методи за длабоко учење“ овозможува „спонтано“ комнинирање на вештачката интелигенција со логичното расудување, пишува кинескиот весник.

„Додека глобалната заедница за вештачката интелигенција се фокусираше на зголемување на компјутерската моќ, Кина беше првата што употреби нов метод заснован на оптимизација на алгоритамот, отворајќи нов пристап кој е исплатлив и ефикасен“, вели за Global Times аналитичарот за трендови во телекомуникациската индустрија Ма Џихуа.

Кинеската компанија изјави дека потрошила нешто помалку од шест милиони долари за развој на DeepSeek-R1.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека технологијата на кинескиот стартап треба да биде поттик за американските компании и дека е добро што компаниите во Кина осмислите поевтин, побрз метод на вештачката интелигенција, објави во вторникот Reuters.

„Прочитав нешто за Кина и за некои компании во Кина, поточно за онаа која смислила побрз метод на вештачка интелигенција, многу поевтин, а тоа е добро затоа што не треба да трошите толку многу пари. Мислам дека тоа е нешто добро, предност“, рече Трамп.

Бесплатниот асистент за вештачка интелигенција на „DeepSeek“ веќе го престигна американскиот ChatGPT во App Store на „Apple“ во понеделникот, при што Сем Алтман на X коментираше дека DeepSeek R1 е „импресивен модел, особено ако се земе предвид односот цена-перформанси“.

Неочекуваниот успех на кинеската компанија му нанесе тежок удар на американскиот производител на чипови „Nvidia“, чии акции во понеделникот потонаа за дури 17 отсто, намалувајќи ја пазарната капитализација на компанијата за 593 милијарди долари што е најголем дневен пад на вредноста на една компанија во историјата на њујоршки Волстрит.

Успехот на „DeepSeek“ покажа дека напорите на поранешниот американски претседател Џо Бајден да го попречи развојот на кинеската вештачка интелигенција и компјутерската моќ не само што не успеаја, туку и ја охрабрија Кина да тргне по поинаков пат во развојот на вештачката интелигенција и да направи значителен напредок во автономниот развој на вештачката интелигенција и, според Ма.

Ова, исто така, отвора нови можности за „комплементарна соработка меѓу Кина и САД“, нагласува кинескиот аналитичар, а експертите од индустријата ја издвојуваат областа на управување со вештачката интелигенција, според Global Times.

Во вторникот, „DeepSeek“, исто така, претстави нов модел со вештачка интелигенција со отворен код Janus-Pro, надградена верзија на моделот Janus, со значително повисоко ниво на „мултимодално“ разбирање и генерирање „визуелизација“, Global Times цитираше информации од американската платформа за вештачка интелигенција Hugging Face.