Кинескиот извоз се зголеми за 18 отсто, продолжувајќи со неочекувано силен раст

Кинеската надворешна трговија продолжи неочекувано силно да расте во јули, со пораст на извозот од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави денеска кинеската царинска управа во Пекинг.

Аналитичарите всушност предвидоа забавување на растот на кинескиот извоз, откако минатиот месец беше забележан слично големо зголемување од 17,9 отсто. Спротивно на тоа, увозот во Кина се зголеми за само 2,3 отсто, пренесува ДПА.

Особено трговијата на Кина со Русија забележа огромен пораст, зголемен за 37,1 отсто севкупно. Увозот на Кина од нејзиниот сосед – кој е под меѓународни економски санкции поради инвазијата на Украина – се зголеми за 49,3 отсто, додека кинескиот извоз во Русија порасна за 22,2 проценти.

Според податоците на Пекинг, европските извозници продолжија да бележат пад на извозот во втората по големина економија во светот. Додека извозот на Кина во Европската Унија порасна за 23,2 отсто, нејзиниот увоз од ЕУ падна за 7,4 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.