Кинескиот извоз силно пораснал и покрај притисокот на САД

Кинескиот ивоз во јули скокнал за 3,3 отсто во однос на истиот период минатата година, најсилно од март, благодарејќи на подобрата глобална побарувачка која ги надминала сѐ поизразениот трговски притисок од САД.

Увозот, пак, повторно паднал, и тоа за 5,6 отсто, сигнализирајќи континуирана слаба домашна побарувачка на странски производи.

Во кинескиот Државен информативен центар го припишуваат јулското зголемување на извозот, меѓу другото, и на иницијативата „Еден појас, еден пат“, кој треба да ја подобри сообраќајната поврзаност на Кина со остатокот од Азија, како и со Африка и Европа.

„Кина оваа година го зголеми пазарниот удел во големите економии како што е она на Европската инија, а уште повпечатлив е очигледниот раст на економиите во формирање, особено на оние со коишто соработуваме во рамките на (иницијативата) ‘Еден појас, еден пат’“, истакнува според извештаите на државните медиуми директорот на одделот за економски прогнози, Јан Мин.

Податоците, исто така, покажуваат зголемување на кинескиот извоз во Кина, Јужна Кореја, Тајван, и особено во регионот на југоисточна Азија (ASEAN).

„Тоа би можело да знечи дека поедини извозници се обидуваат да ги прошират извозните дестинации, но можна причина е и префрлувањето на производството (од Кина) во земјите од ASEAN. Можеби тоа делумно ќе ги ублажи ризиците коишто во моментов ги генереира американско-кинеската билатерална трговија“, коментира за Reuters Бети Ванг од банката ANZ.

Внимателно следените податоци за размената со САД покажуваат намалување на кинескиот извоз за 6,5 отсто во однос на минатогодишниот јули. Увозот од САД, пак, потонал за 19,1 отсто.

Со тоа вишокот во кинеската размена со САД е намалена во текот на минатиот месец на 27,97 милијарди долари, од јунската 29,92 милијарди долари. Во периодот од јуни до јули овој суфицит изнесувал 168,5 милијарди долари, истакнувајќи на континуираната нерамнотежа во рамената со најголемата светска економија, што е клучниот приговор на Вашингтон во преговорите со Пекинг.

Тензиите во односните на двете водечки светски економии се зголемија во меѓувреме од стоковата размена и на другите области, вклучително и технологијата, а од неодмана и на политикитите на курсот на кинеската валута. Откако американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатата седмица се закани со воведвуањето дополонителни царини на кинескиот увеоз, Пекинг на почетокот од седмицава дозволи пад на јуанот преку клучната граница од седум јуани за долар. Во изминатите десет години ја задржуваа неговата вредност на ова ниво. Вашингтон одговори со обвинување дека Пекинг манипулира со курсот за да ја зајакне конкурентноста на домашната економија. Пекинг потоа го запре натамошното слабеење на домашната валута, но пазарите и натаму се вознемирени поради можните последици по американско-кинеските трговски тензии кои влијаат на компаниите на глобално ниво.