Кинескиот премиер на посета во Лондон со ветувања од 18 милијарди фунти за инвестиции

Пристигнувањето на кинескиот премиер Ли Кенјианг во Лондон може да е сигнал за продлабочување на вклученоста на Кина во енергетскиот, нуклеарнита енергија и делот на инфраструктурата

Тридневната посетата на кинескиот премиер, која започнува денеска, се очекува да резултира со објавување на големи инвестициски планови. Се очекува да идат потпишани договори  во вредност од околу 18 милијарди фунти, вклучувајќи и договори со кои ќе се продлабочи  учеството на Кина во нуклеарната енергија и инфраструктурните проекти во Велика Британија, пишува „Гардијан“.

Ова е прва посета на кинескиот премиер на Велика Британија. Кинеската Банка на конструкции (China Construction Bank) вториот по големина кредитор. Кинесите компании се очекува да обезбедат технологија и финансии и да објават свежи детали за нивните планови за нуклеарната централа во Хинкли, Сомерсет.

Премиерот ќе биде придружуван од околу 200 кинески бизнимени, вклучувајќи ги и главните луѓе на некои од најголемите банки во Кина.За време на посетата ќе оствари средба со кралицата.

Националната нуклеарна корпорација на Кина и Кинеската општа нуклеарна корпорација за електрична енергија, веќе начелно се согласиле да бидат малцински акционери во проектот Хинкли.Досега се потпишани писма со намера за стратешко и индустриско партнерство, а кинеските компании треба да имаат удел меѓу 30 и 40 отсто, но можно е и зголемување на уделот.

Лорд Прескот, поранешен заменик-премиер и претседател на Работна група за Кинаво составот на Владата на Блер, даде предвидување дека кинеската влада ќе побара гаранции дека Велика Британија ќе остане во ЕУ, бидејќи Кина ја гледа Британија како порта за инвестирање во унијата.

Министерството за внатрешни работи на Британија исто така ќе одобри олеснувања на рестрикциите за кинески посетители, долгорочно барање од страна на Кина. Голема е веројатноста да се воспостваи 24 часовен сервис за важни бизнис посетители.

Официјалните податоци покажуваат дека годишниот извоз на Велика Британија кон Кина пораснал на 12,4 милијарди минатата година од 7.6 милијарди во 2010 кога Камерон влезе во канцеларијата.