Кинескиот премиер порача дека редот мора да се врати во Хонгконг

Кинескиот премиер Ли Кечијанг се сретна во понеделникот со Пекинг со челничката на полуавтономниот регион Хонгконг, Кари Лам, по повеќемесечните насилни протести кои ја поттикнаа рецесијата во ова посебно управувана област на Кина и порача дека мора да се стави крај на насилствата и хаосот.

Ли се сретна со Лам во рамките на нејзините редовни консултации со Пекинг во текот на кој ќе се сретне и со претседателот Кси Џинпинг.

Средбата се случува откако во текот на изминатата ноќ хонгконшката полиција со солзавец ги растеруваше демонстрантите во оваа поранешна британска колонија соочена со најлошата политичка криза во изминатите неколку децени кои траат повеќе од шест месеци.

„Властите на посебното управно подрачје мора да продолжат со напорите да се стави крај на насилството и да се запре хаосот во согласност со законите и повторно да се воспостави ред“, рече Ли на средба со Лам, директно пренесуван на телевизијата.

Посетата на Лам на Пекинг се одвива во моментот додека локалните медиум спекулираат дали претседателот Кси да ѝ даде нови упатства за решавање на политичката криза вклучително и можните смени во администрацијата на Хонгконг.

Кси со Лам се сретна во ноември во Шангај и тогаш порача дека има „извонредна доверба“ во неа и покрај немирите во Хонгконг. Градот во кој живеат околу седум милиони луѓе првпат по десет години влезе во рецесија, а особено се погодени туризмот и трговијата поради насилните протести.