Кинескиот претседател домаќин на челниците од Централна Азија на самитот „пресвртница“

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе биде домаќин на централноазискиот самит во четвртокот, настојувајќи да изгради регионалното влијание, истовремено кога челниците на Г7 предводени од американскиот претседател Џо Бајден одржуваат ривалски состанок на врвот во Јапонија.

Пекинг порачува дека овонеделниот самит во древниот кинески град Кси’ан, историскиот источен крај на Патот на свилата кои ја поврзал Кина со Европа преки Централна Азија, претставува „пресврт“.

Ова е првиот самит од воспоставувањето на формалните односи пред 31 година, а доаѓа во моментот кога Пекинг се обидува да пополни вакуумот кој во поранешните советски републики ги остави војната во Украина и додека Кси Џинпинг се позиционираше како глобален државник кој сака да го прошири влијанието на Кина далеку надвор од нејзините граници.

„Кси ќе се позиционира како лидер кој може да промовира глобален развој и мир., вели за AFP Жичун Жу, професор по меѓународно односи и политички научи на Универзитетот Бакнел.

Според него, истовремено самитот на Г7 се одржува во Хирошима, а веројатно фокусот ќе го стави на напорите да се „одбие растечкото влијание на Кина во светот“, додава Жу. „Дипломатското и стратешко значење не може да се потцени“, вели.

Пекинг вели дека трговијата со Казахстан, Киргистан, Таџикистан. Туркменистан и Узбекистан достигнала 70 милијарди долари во минатата 2022 година и се зголемила за 22 отсто на годишно ниво во првото тримесечје во 2023 година.

Централна Азија, исто така, стана клучна за кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“, дефинирајќи го политичкиот проект на Кси Џинпинг, во износ од трилиони долари. Кина, вториот најголем светски потрошувач на енергија, вложи милијарди долари во црпењето на резервите на природен гас во Централна Азија, а железничките врски коишто ја поврзуваат Кина со Европа го испресекуваат регионот.

Аналитичарите анкетирани од AFP сметаат дека на самитот во Кина веројатно ќе се разговара за јакнењето на транспортните врски и гасоводи.

Зборувајќи на состанокот со Кси во средата, казахстанскиот претседател Касим Жомарт, кој неодамна се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, го поздрави „единствениот опсег“ на проектот „Еден појас, еден пат“. Кси во четвртокот на киргистанскиот претседател Садир Жапаров, кој исто така деновиве имаше разговори со Путин, му кажа дека Кина е „подготвена да работи со Киргистан на градењето заедница на добрососедство, пријателство, заеднички просперитет и заедничка иднина“.

Со другите регионални челници Кси ќе разговара подоцна во четвртокот пред свеченото отворање на самитот вечерва.