Кинескиот претседател го потпиша законот за национална безбедност на Хонг Конг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во вторникот го потпиша новиот закон за национална безбедност за Хонг Конг, кој беше одобрен претходно истиот ден, објави новинската агенција Ксинхуа.

Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес едногласно гласаше да го донесе законот порано, што може да стапи на сила уште во среда. Критичарите на законодавството тврдат дека тоа ќе ја наруши автономијата на Хонг Конг.

Опозициските партии и активисти во Хонг Конг ветија дека ќе протестираат против мерката утре и покрај полициската забрана за големи јавни собири поради пандемијата на коронавирус.

Пекинг вели дека законот, што доаѓа како одговор на минатогодишните чести насилни продемократски протести во Хонг Конг, има за цел да се бори против субверзијата, тероризмот, сепаратизмот и договорите со странските сили.

Кинеската агенција Ксинхуа објави некои одредби од законот, вклучително и дека тој ќе го замени постојното законодавство во Хонг Конг, додека моќта на толкување му припаѓа на највисокиот  комитет на кинескиот Парламент.

Очекувањата сега се дека Пекинг ќе формира канцеларија за национална безбедност во Хонгконг, што ќе ја „надгледува, води и поддржува“ градската влада. Пекинг, исто така, во одредени случаи ќе може да ја преземе надлежноста.