Кинескиот претседател Кси ќе го посети Пјонгјанг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе престојува во официјална државна посета на Северна Кореја во четврток и петок, што е прва посета на кинески челник на оваа изолирана комунистичка земја која е под меѓународни санкции по 2005 година, пишуваа во понеделникот кинеските медиуми.

Кси Џинпинг ќе допатува во посета на Пјонгјанг на покана од севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, една седмица пред одржувањето на самитот на Г20 во јапонскиот град Осака, на која ќе учествува и кинескиот претседател како и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Посетата се случува по повеќе од една година од првиот историски самит во Сингапур меѓу Трамп и Ким на кој не беше решено главното прашање на севернокорејската нуклеарна програма.

Кина, главниот сојузник на Северна Кореја, им се приклучи на меѓународните санкции кои оваа земја би трабало да ја натераат да се откаже од својата нуклеарна и балистичка програма. Врските меѓу двата сојузника беа многу затегнати по севернокорејските нуклеарни проби, така што Кси и Ким, кои ја преземаа власта во 2012 односно 2011 година, чекаа на средбата сѐ до минатата година. Тогаш остварија неочекувано приближување. Ким Џонг-ун лани четири пати ја посети Кина каде што се сретна со Кис, кој вети дека ќе го посети Пјонгјанг но сѐ досега немаше информации кога тоа ќе се случи.