Кинескиот претседател: Обединувањето со Тајван мора да се исполни

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека обединувањето со Тајван мора да се исполни. Тој додаде дека тоа треба да се спроведе мирно, но предупреди дека кинескиот народ има славна традиција на спротивставување на сепаратизам.

Тајван одговори дека иднината на островот лежи во рацете на неговиот народ. Пекинг во минатото не ја отфрлуваше опцијата за можна употреба на сила за да се постигне обединувањето.

Тензиите во регионот се засилија во изминатите денови откако 150 кинески борбени авиони влегоа во воздушната одбранбена зона на Тајван.

Кси одржа говор по повод 110 години од револуцијата со која беше соборена последната кинеска царска династија, но неговиот тон сега беше посмирен во споредба со јули, кога најави дека ќе ги смачка сите обиди за формална независност на Тајван.

„Историската задача за целосно обединување на татковината мора да биде исполнета и тоа дегинитивно ќе се оствари. Ние сакаме мирно обединување според принципот една држава-два система, слично на Хонгконг. Тајванскиот сепаратизам е најголемата пречка за тоа и најсериозна скриена опасност за национално обновување“, кажа Кси.

Иако западните сили изразија загриженост за последното покажување на кинеската моќ, Џо Бајден кажа декаКси се согласил да се придржува до договорот за Тајван.