Кинеските податоци за надворешната трговија во јануари ги надминалe очекувањата

Кинескиот извоз пораснал во јануари по шокантниот пад во декември, додека падот на увозот бил поблаг отколку во претходниот месец, покажаа најновите податоци кои во четвртокот ги објави царинската управа.

Во јануари кинескиот извоз е зголемен за 9,1 отсто во споредба со претходната година, по 4,4-процентниот пад во декември, покажаа во четвртокот податоците на кинеската царинска управа. Економистите во анкетата на Reuters, пак, претходно предвидуваа пад 3,2 отсто.

Увозот, пак, е намален за 1,5 отсто, по 7,6-процентниот пад во декември. Економистите во анкетата на Reuters предвидуваа пад од дури 10 отсто.

Тоа резултирало со трговски вишок од 39,16 милијарди долари во првиот годинешен месец. Економистите предвидуваа вишок од 33,5 милијарди американски долари.

Аналитичарите притоа предупредуваат дека кинеските податоци за првите два месеца треба да бидат земени со резерва поради деловните нарушувања предизвикани од Кинеската лунарна нова година, која минатата 2018 година се славеше кон средината на февруари, додека оваа година започна на 4-ти февруари.

„Бројките без поговор ги изненадија пазарите. Но, имајќи го предвид забавувањето на глобалните деловни активности и слабите податоци за корејската трговија, можеби е прерано само врз основа на јануарските податоци да се изведе заклучокот дека трговските изгледи се подобрени. Претпостаувам дека закрепнувањето делумно може да му се припише на ефектот на Кинеската нова година коај оваа година започна малку порано отколку лани“, вели за Reuters Томи Ксие, економист во „OCBC Bank“.

Прометот во малопродажбата во текот на Кинеската нова година пораснал за 8,5 отсто во споредба со претходната година.

Економските аналитичари главно предвидуваа дека Кина на почетокот од годината ја чека послаб извоз. Фабриките со месеци известуваа за намалување на странските порачки, а складиштата во САД се затрупани со кинеска стока која трговците на мало ја трупале изминатата година подтогвувајќи се за новите американски царини. Трговијата забави и на глобално ниво поради сѐ поизразениот протекционизмот и губењето на залетот во поедини големи економии, во прв ред во Европа.

Притисоците врз Кина брзо ќе ескалира доколку Пекинг и Вашингтон не успеат да постигнат договор со кој ќе стават крај на трговската војна. САД се подготввуаатр значително да ги зголемата царините за 200 милијарди долари вредниот увоз од Кина од 1-ви март, иако американскиот претседател Доналд Трамп оваа седмица сигнализираше дека би можел да ги промени рокот, доколку договорот биде на повидок.

Кинескиот трговски вишок со САД во јануари е намален на 27,3 милијарди долари, од 29,87 милијарди долари во декември, покажуваат податоците на Кинеската царинска управа. Извозот во САД паднал за 2,4 отсто во сппоредба со истиот месец минатата година, додека увозот се урнисал за дури 41,2 отсто. Нето извозот всушност го закочил кинескиот раст во минатата година, и покрај неочекуваниот скок на продажбата во САД, пресметале во Reuters врз основа на службените статистики.

Растот на кинескиот бруто домашен производ (БДП), забавил во 2018 година на 6,6 отсто, поради растечките трошоци на задолжувањето и постриктните контроли на поризичното кредитирање коишто на помалите приватни компании им го ускрати капиталот и ги закочија вложувањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.