Кинеските вакцини требало да стaсаат преку Унгарија, но летот бил откажан

Откажан е авионот кој во Скопје требало да ги донесе кинеските вакцини од Унгарија кон Македонија. Летот требало да биде во вторник на 16 февруари, објави Телма. Причината била што вакцините се уште не биле подготвени.

Според информациите на Телма, македонскиот контингент од Пекинг требало да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на Визер требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но планот и авионскиот вакцина мост е откажан. Министерот Филипче телефонски изјавил дека станува збор за шпекулација за овој договор за авионски превоз на вакцини.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека треба да помине кинеската Нова година на 18 февруари и ќе тргнат вакцините.

„До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава. За вакцините од „Фајзер“ кои требаше да ги добиеме од пријателска Србија, најпрво проблем се појави бидејќи производителот не дозволуваше да се препродаваат. Потоа договоривме да ни ја дадат како донација, вредноста е некаде околу 60.000 евра, ние после ќе се раздолжевме некако, но и тоа не беше дозволено. Работиме да се реши овој проблем, вратиме кај производителот сите,  јас, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ. Во прашање се денови или часови за да ја добиеме дозволата“, изјави Заев

Тој објасни дека Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари.