Кинеските власти предупредија да не се патува во Вухан и да не се напушта градот

27

Кинеските власти ги предупредија денеска граѓаните да не патуваат во Вухан, а оние кои се веќе таму да не го напуштаат овој деветмилионски град, од кадешто почна забрзано да се шири новиот корона вирус.

На граѓаните, исто така, им се препорачува да избегнуваат гужви и јавни собири.

– Не одете во Вухан. А оние кои се наоѓаат во Вухан да не го напуштаат градот, предупреди потпретседателот на Националната здравствена комисија Ли Бен.

Новиот вирус се прошири од Вухан во 13 кинески провинции и неколку држави.

Потврдени се 440 случаи на заболени од вирусот. Кинеските власти признаа дека земјата се наоѓа во „најкритична фаза“ на превенција и контрола на болести.

Потврдено е дека вирусот, кој е познат под името 2019-mCoV, се пренесува од човек на човек.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.