Кинеските воени бродови останаа околу Тајван и по завршувањето на маневрите

Осум кинески воени авиони во вторникот сѐ уште пловат и патролираат во водите близу Тајван, а утрото се регистрирани и дваесеттина кинески авиони во противвоздушната зона на островот, откако завршија тридневните сеопфатни кинески маневри во текот на кои беше симулирана инвазија врз островот кој Кина го смета за своја одметната покраина.

Кинеските воени бродови и авиони сѐ уште се околу Тајван во вторникот, известија властите во Тајпеј, ден откако Пекинг објави завршување на своите големи воени маневри кои вклучуваа и гаѓања со боева муниција во водите на Тајванскиот теснец.

Кина „утрово ги мобилизирала своите воени авиони и ја мина централната линија од северот, средишната област и југот“, извести тајванското министерство за одбрана, алудирајќи на неофицијалната граница која ја дели континентална Кина од Тајван.

Министерството во Тајпеј објави дека регистрирало девет кинески воени бродови и 26 борбени авиони околу островот. Пловилата биле откриени околу 11 часот по локално време во вторникот, се додава во извештајот.

Тајванскиот парламент во вторникот ги повика кинеските власти „веднаш да прекинат со заплашувањето“ на Тајван. А меѓународната заедница, иако малку земји во светот го имаат признаено, заедничко да ја осуди Кина.

Пекинг во саботата ги започна тридневните воени маневри, во текот на кои се одвиваа симулации на насочени напади и вежба на опколување на островот кој има автономна управа поддржана на САД и нивните сојузници. Изминатите денови во оваа области пораснаа тензиите и поради присуството во областа на американски носач на авиони и разорувач.

Вежбите претставуваа одговор на средбите на тајванската претседателка Цаи Инг-вен минатата седмица во Калифорнија со претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Меккарти, третиот по хиерархија, по сличниот настан од минатата година која во Тајпеј слета неговата претходничка Ненси Пелоси, на што Пекинг жестоко реагираше како отстапување на Вашингтон од децениските политики поради одржување на статусквото во односите со Кина околу Тајван.

Цаи во меѓувреме остро ја критикуваше Кина затоа што нејзината посета на САД ја искористила за оправдување за воените вежби. „Тоа не е одговорен став на една велесила во регионот“, рече тајванската претседателка во видеопораката објавена во вторникот. Им се заблагодари на припадниците на тајванските вооружени сили и крајбрежната стража што останале спокојни и покрај тензичната ситуација.

Во понеделник тајванските сили во областа околу островот регистрирале вкупни 91 кинески авион, што е најголемата бројка летала во еден ден, а вкупно 54 авиони влегле во тајванскиот југозападен и југоисточен воздушен простор. Истовремено 12 пловила на кинеската воена морнарица се забележани околу Тајван во понеделникот.

Командата на Источната борбена зона, во чијашто надлежност спаѓа и Тајванскиот теснец меѓу континентална Кина и островот, објави дека вежбите биле порака на предупредување до силите кои се залагаат за независност на Тајван и за странското мешање во она што Пекинг категорично го смета за кинеско внатрешно прашање.