Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до јуни

Кинеските здравствени власти објавија во средата дека планираат да вакцинираат против коронавирусот 40 отсто од населението во земјата до јуни.

До крајот на годината, пак, Кина планира со имунизацијата да опфари 80 отсто од повеќе од 1,3 милијарди луѓе, пренесуваат државните медиуми, повикувајќи се на соопштенијата на здравствените власти.

Досега вакцината против Covid-19 ја примиле само околу 3,5 отсто од кинеското население. Експертите оценуваат дека моменталното темпо на вакцинирањето е бавно пораи тоа што вирусот во голема ера е ставен под контрола. Во изминатите неколку седмици властите забележале само ткн „увозни“ случаи на заразата, односно лица кои допатувале од странство и тие веднаш се изолирани.

Првиот случај на коронавирусот SARS-CoV-2 во светот беше потврден кон крајот на декември 2019 година во градот Вухан во централната кинеска провинција Хубеи, а земјата од почетокот на јануари 2020 воведе ригорозни рестриктивни мерки со кои беа опфатени стотина милиони луѓе. Покрај тоа, беа воведени масовни тестирања, следење на контактите и задолжителниот карантин.

Од летото 2020-та беа регистрирани само неколку помали жаришта на инфекцијата, а кинеските власти ги заострија условите за влегување во земјата. Животот и стопанските актовности, за разлика од остатокот на светот, во Кина се голема мера се вратија во нормалата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.