Кинеското население минатата деценија имало најмал раст од крајот на 1970-те

Кинеското население во деценијата до 2020 година растело со најмало темпо од воведувањето на политиката на едно дете кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век, создавајќи притисок врз властите да го поттикнат наталитетот за да се избегнат демографските проблеми.

Бројот на жителит на Кина се зголемило за 5,38 отто, на 1,41 милијарда, покажуваат податоците на пописот на кинеското население објавен во вторникот. Кина пописот на населението и домаќинствата го изведува на десет години, а последниот пат 2020 година. Пред десет години најнаселената земја на планетата имаше 1,34 милијади жители.

Објавувањето на резултатите од пописот се очекуваше на почетокот од април, а одложувањето од неколку седмици ги поттикна сомневањата дека конечната бројка ќе биде неповолна за владејчката Комунистичка партија на Кина, забележуваат западните медиуми.

Владата во Пекинг кон крајот на април ги отфрли медиумските написи, главно на западот, за наводен пад на бројот на населението од големата глад во педесеттите години во минатиот век која однесе десетици милиони животи. Кина засега предвидува дека бројот на нејзиното население ќе го има врвот во 2027 година.

Бројот на родените во Кина паѓа од 2017 година, и покрај тоа што една година претходно беше ублажена политиката на едно дете, која беше воведена во 1970-те години чија цел беше да се контролира прирастот на населението.

Стапката на наталитетот во 2019 година паднала на 10,48 на 1.000 жители, најниското ниво од основањето на Народна Република Кина во 1949 година.

Се наведуваат низа причини за забавувањето на растот на кинеското население, како што се помалку склучените бракови, високите трошоци на домување и образованието, како и сѐ подоцното добивање на првото дете поради деловните кариери. Демографите предупредуваат дека на земјата ѝ се заканива сценариото низ кое минуваат Јужна Кореја и Јапонија чиешто населние значително остаре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.