Кинез со нож повредил осум ученици

Вооружен маж од Кина со нож нападна ученици во градот Мачан и повреди осум деца.

Напаѓачот е приведен, а полицијата ги испитува мотивите за нападот. Повредените ученици се хоспитализирани.

Во Кина често луѓе со психички проблеми извршуваат нападите во детски градинки и во училишта. Минатиот месец група од осум мажи со ножеви нападнаа ученици, при што еден ученик загина, а двајца беа повредени.