Кинез украл автобус и усмртил најмалку пет лица

Најмалку пет лица, меѓу кои и еден полицаец, загинале денеска, кога автобусот намерно влетал меѓу автомобили и мотицикли на прометна улица во кинескиот град Лонџан.

Инцидентот се случил кога маж користејќи нож како закана, украл автобус и потоа со возилото се залетал кон улицата, удирајќи повеќе автомобили и мотоцикли. По ова, полицајците успеале да го совладаат мажот и да го уапсат.

Од властите е соопштено дека при инцидентот се повредени најмалку 21 лице.

Причините и мотивите за постапката на мажот, чиј идентитет не е соопштен, засега не се познати.

Истрагата за случајот е во тек.