Кинез живее во чајник

Оваа импресивна градба се наоѓа на дрво во селото Чен во Кина, а ја дизајнираше Гу Јуаези кој живее во неа. Гу е 62-годишен уметник, кој одлучил да живее сам во џунглата во близина на градот Фошан во јужна Кина.

Cajnik text 2

Откако се пензионирал и се уморил од гужвата во градот Гу ја добил идејата да го изгради својот нов необичен дом, кој е во форма на џиновски чајник сместен во гнездо.

Конструкцијата има околу 10 метри во дијаметар, а ја придржуваат шѓест стебла. Во неа има ходник, спална соба, купатило и кујна.

Cajnik text 3

Оваа градба може да поднесе тежина и до 20 луѓе. Јуаези наведува дека во тој дел од домот што наликува на чајник прима гости, а гнездото за птици го користи како студио за сликање, калиграфија и резбање.