Кинезите хакирале податоци за исчезнатиот МХ370

Само еден ден откако малезискиот Боинг на летот МХ370 мистериозно исчезнал, кинеските хакери упаднале во компјутерите на малезиските службеници кои работеле на случајот.

Хакерите во тоа успеале така што на мејловите на Владата испратиле лажна вест дека авионот е пронајден.

Кога службениците ги отвориле мејловите, се активирал вирус кој ги украл податоците од нивните компјутери.

Овој напад се случил токму кога малезиските службеници, кои биле на чело на истрагата , биле жестоко критикувани особено од страна на Кинезите, токму поради тоа што не објавиле клучни информации поврзани со исчезнувањето на авионот.

„Вработени во Агенцијата за технологија и иновации ни јавија дека постои проблем. Податоците кои се симнати содржат доеврливи иформации, вклучувајќи ги и записниците од седницата. Некои од нив се однесувале и на истрагата врзана за исчезнувањето на Боингот, рекол шефот на малезиската Агенција за сигурност на компјутерските податоци, доктор Амирудин Абдул Вахаб.

-Тоа бил навистина софистициран напад, додал Вахаб.

Истрагата покажала дека мејлот стигнал од Кина, но другите детали не се објавени. Освен малезиските власти, на овој случај работи и Интерпол.

Да се потсетиме, Боингот на летот МХ370 со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8 – ми март и се уште не се знае што точно се случило.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.