Кинезите кои градат автопат во Црна Гора ставени под здравствен надзор

Работниците од Кина кои градат автопат во Црна Гора се под постојан здравствен надзор, а поради ширењето на новиот коронавирус мерките на претпазливост се засилени, соопшти во неделата директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша.

На изградбата на автопатот во Црна Гора ангажирана е кинеската компанија „China Road and Bridge Corporation“ (CRBC), којшто на градилиштето во моментов има околу две илјади работници од Кина.

„Имаат здравствена установа и доколку има какви и да се сомнежи нѐ известуваат. Тоа е надзор и ние тука сме надлежни да реагираме на евентуална нивна пријава, бидејќи мора да ни пријават сѐ“, изјави Мугоша за дневнито весник Дан.

Додава дека со претставниците на амбулантата којашто се грижи за здравјето на кинеските работници во Црна Гроа, веќе е извршен разговор. Добиле задолжителни препораки дека сите патници кои доаѓаат од Кина, доколку имаат зголемена температуре или друг симптом, да го пријават на надлежната аеродромска служба.

„За среќа, додсега немавме такви случаи“, уверува Мугоша.

Црногорското министерство за надворешни работи во саботата соопшти дека сите црногорски дражвјани кои се наоѓаат во кинеските покраини ко се погодени со коронавирусот се здтрави, како и дека амбасадата на земјата во Кина е во постојан контакт со надлежните служби во таа земја.