Кинезите нѝ испорачале една локомотива, наместо пет. Владата ќе бара арбитража

110

Државата планира да покрене арбитражен спор со кинеската компанија ЦЦР Џуџоу за неисполнување на обврските за испорака на четири електрични локомотиви и на патнички гарнитури.

МЖ транспорт доби задолжение да направи ревизија на договорите зашто од четирите локомотиви досега пристигнала само една, а и да ги провери сите правни клаузули, со цел да се искористат сите правни можности за покренување на арбитражни постапки, за да се заштитат интересите на државата.

-Се укажува на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД –Скопје, да подготви и во рок од 15 дена до Владата да достави информација за состојбата со локомотивите со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорените четири локомотиви, како и за моменталната состојба со патничките гарнитури, со причини зошто не е направен технички прием за истите. Исто така, во информацијата да се даде посебен осврт за правните можности, со наведен надлежен арбитражен суд, се наведува во одлуката донесена на една од последните седници на Владата.

Инаку, договорот со ЦЦР Џуџоу за набавка на четирите локомотиви е потпишан во 2017 година, а набавката е финансирана со осум милиони евра кредит од Европската банка за обнова и развој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.