Кинезите планираат лансирање вештачка Месечина

Кина до 2022 година планира да лансира вештачка Месечина којашто ќе го замени уличното осветлување и ќе ги намали трошоците за електричната енергија во урбаните зони, објавија во петокот кинеските државни медиуми.

Ченгд, град во југозападната покраина Сечуан, развива „илуминациски сателити“ коишто стојат во низа со вистинската Месечина, а осум пати ќе бидат посјајни, пишува кинескиот дневен весник на англиски јазик China Daily. Вештачката месечина (Renzao Yueliang, Рензао Јуејан), треба да ги рефлектира сончевите зраци осум пати поинтензивно од природниот салет на Земјата.

„Кина планира да ја доведе Вештачката Месеична во орбитата над градот Ченгду, во покраината Сечуан, во југозападна Кина, од космодромот Сичан, во истиот регион во 2020 година. Ако лансирањето е успешно, уште три такви објекта ќе бидат лансирани во 2022 година“, го цитира весникот шпефот на Научната асоцијација на новиот округ Тјанфу во градот Ченгд, Ву Чунфенг, кој го надгледува проектот.

„Вештачката Месечина“ е сателит за дополнување на осветлувањето од природниот сателит на Земјата во текот на ноќите, и според оцените на експертите, таа ќе биде осум пати посветла. Тоа би требало да се постигне благодарејќи на фактот што ќе биде стационирана на 500 километри над Земјата, ште е многу поблиску од растојанието од 380.000 од Меселината“, додава научникот.

Според него, сателитот нмеа да може целосно да ја земени дневната светлина, чијшто интензитет на рефлектирачките зраци од Сонцето ќе биде околу 20 отсто од обичното ноќно осветлување и може прецизно да се измени до неколку десетици метри. Како што истакнува Ву, при осветлување на урбаните области до 50 квадтратни километри, сателитот ќе овозможува да се заштеди електрична енергија од околу 1,2 милијарди јуани, или 174 милиони американски долари на годишно ниво.

Исто така, посочува дека Вештачката Месечина ќе може да се користи за осветлувања на зоните кои биле на удар на природните стихии за време на прекинот на електричната енергија, што ќе ги олеснува операциите на пребарување и спасување. Истовремено, доколку е потребно, таквото ноќно осветлување може да се „исклучи“ со прилагодување на локацијата на рефлекторите.

„Првата вештачка месечина ќе биде повеќе експериментален модел, но другите три во 2022 година ќе станат целосни проекти со поголем комерцијален потенцијал, како и за покривање поголеми региони“, вели натаму Ву Чунфенг. Според него, три вакви сателита, доколу е потребно, ќе можат 24 часа на ден да покриваат избрана површина од 3.600 до 6.400 квадратни километи, бидејќи тие не секогаш ќе бидат во најдобра позиција да ги рефлектираат сончевите зраци.

Критики за проектот

Како што истакнуваат научници, некои од нив го критикуваат овој проект поради загриженоста дека таквото ноќно осветлување може да доведе до физиолошки последици кои се штетни за луѓето и за животните, поради нарушување на метаболизмот и сонот.

„Ќе спроведеме низа тестови во ненаселени области, за да се увериме дека нашите зраци немаат никаков несакан ефект врз луѓто или врз опремата за вселенските набљудувања од Земјата. Во текот на сателетската операција, луѓето ќе може да видат на небото не само една светла ѕвезда на небото, а не гигантската Месечина, како што си замислуваат“, појаснува Ву.

Истовремено признава дека веројатно влијанието на облачноста и атмосферата може да го намали интензитетот на осветлувањето на таквите вештачки сателити. Покрај тоа, за проектот е неопходен дополнително научен и комерцијален развој.

 

Слични проекти

Во 1990-те години Русија спроведуваше слични експерименти со одразување на сончевите зраци во Вселената за осветлување на земјината површина во рамките на прогрмата „Знамја“. Во 1992 година од Бајконур беше лансиран товарниот брод „Прогрес М-15“ со 20-метарски соларен панел. Во орбитата се приклучи на вселенската станица „Мир“ и нејзиниот екипаж инсталираше агргат за распоредување на рефлектирањето на сончевите зраци. На 4-ти февруари „Прогрес“ успешно го отвори соларниот панел, кој преку одразување на сончвите зраци можеше да создаде осветлена точка од 8 киломтри во широчина со интензитет еднаков на осветлувањето про појавата на полната Месечина.

Во 1999 година во рамките на прокетот „Знајма 2.5“ товарниот брод „Прогресс М-40″ понесе во орбитата соларно огледало со дијаметар од 25 метри. Неговата пресметана осветлност требаше за десет пати да го надминува интензитетот на осветлувањето што го дава полната Месечина. Меѓутоа, во процесот на распоредување на конверторот имаше пречки со антената и не се отвори. По овој инцидент, програмата беше прекината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.