Кинотеката доби средства за одржување хигиена од Алкалоид

Кинотеката соопшти дека добила донација од компанијата Алкалоид АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена.

Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство. Алкалоид и Кинотеката се стари пријатели. Нашата институиција во изминативе години повеќепати има добиено донации од Алкалоид во форма на производи или финансиски средства наменети за организација на проекции, настани и промоции, посочуваат од Кинотеката.

Оваа последна донација, потенцираат, ќе придонесе за одржување на просториите на Кинотеката, во исчекување на летното кино на што забрзано работиме, и за успешно намалување на опасноста од пандемијата што не’ натера да се прилагодиме на поинаков начин на работа и комуникација со граѓаните и кинотечната публика.