Кинзите го преставија леталото со кое ќе носат луѓе на Месечината

Кинезите развиваат вселенско летало со најмодерна технологија кое не само што ќе може да однесе луѓе на Месечината, туку и да патува до подалечни дестинации во космосот.

Во 2003 година Кина стана третата земја која самостојно пратила астронаути во вселената откако Јан Ливеи орбитираше околу Земјата со леталото Шенчоу-5. Додека земјата крои планови за отпочнување со изградба на вселенска станица, очигледно веќе размислува и за мисии многу подалеку од природниот земјен сателит.

Скорешното видео кое го објави Кинеската академија за вселенска технологија (中国空间技术研究院, CAST) ни овозможи поглед во новата генерација на летало со екипаж кое е способно за патување во длабочините на космосот.

Леталото е составено од два модула, еден за екипаж, другиот за мотор кој ќе овозможува погон, енергија и ќе го одржува во живот екипажот. Леталото е долго 9 метри и тежи 22 тона.

Новото летало сѐ уште не е именувано, а ќе може да носи 4 до 6 астронаути.