Кипар ги отвора границите за државјани од 13 земји, со задолжителен тест

Кипар од понеделникот ги отвори своите граници за државјани од 13 земји, дозволувајчи им да влезат во земјата без карантин под услов да се негативно тестирани на коронавирусот, објави државната телевизија.

Обврска посетителите да бидат тестирани за да влезат во земјата ќе останат на сила најмалку до 20-ти јуни, се наведува во извештајот.

Мерките се однесуваат на државјаните од Австрија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Израел, Литванија, Малта, Норвешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Финска.

Доколку некој странски државјанин во текот на престојот се зарази со коронавирусот, Кипар ќе ги преземе трошоците за лекувањето, се додава во извештајот.

Се очекува дека втората група земји, меѓу кои се Полска, Романија Чешка, Хрватска и Швајцарија, ќе бидат додаден на листата по 20-ти јуни.

Кипарската влада минатата седмица соопшти дека овој список ќе го ажурира во согласност со епидемиолошката ситуација.

Интересно е што гостите од Велика Британија и од Русија, коишто сочинуваат најголем дел од туристите на Кипар, засега остануваат на „црната листа“ поради размерите на епидемијата на коронавирусот во двете земји.