Кипар ги укинува „златните пасоши“

Кипар ја укинува програмата за доделување државјанство којашто гарантира влегување во Европската унија без виза на сите коишто ќе инвестираат најмалку два милиона евра во земјата, а меѓу оние кои добиле ткн „златни пасоши“ биле „многу“ руски олигарси кои се поврзуваат со политички кругови и на Западот и во Русија, како и со мафијашки структури.

Островската членка на ЕУ на овој начин до крајот на 2018-та заработила 4,8 милијарди евра, а од 2008 година кипарското државјанство го продала на 1.685 странски инвеститори и на 1.651 член на нивните семејства.

Оваа одлука на сила стапува во ноември, а е објавена откако панарапската сателитска телевизија Al Jazeera снимила кипарски функционери како оваа програма ја користат за на измислен кинески претприемач со криминално досие да му помогнат да дојде до „златен пасош“.

Еден од тие функционери беше и претседателот на кипарскиот парламент Деметрис Силурис, кој објави дека отстапува од должноста на 19-ти октомври сѐ до завршување на истрагата. Неговото повлекување од должноста следеше набрзо откако владата на вонредна седмица во вторникот соопшти дека го потврдува предлогот за укинување на „програмата државјанство за инвестиции“. Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес изјави дека предлогот е изнесен како одговор на „слабостите на програмата кои може да се злоупотребат“.

Организацијата за економска соработка и развој (OECD) предупредува дека „златните пасоши“ претставуваат сѐ посериозна закана за меѓународната борба против затајувањето на данокот, прикривање на имотот, перењето пари, финансиските малверзации и избегнувањето санцкии наметнати за поедини земји. На купувањето „резервна татковина“, тврди OECD, потрошени се најмалку три милијарди евра, бидејќи секој олигарх и мултимилионер во XXI век кој малку држи на своето реноми мора да има барем два, три а можеби и повеќе пасоши.

Кипар во периодот од 2014 до 2018 година „златните пасоши“ им ги врачил на стотици припадници на руската и украинската елита, на тајкуни од Кина, Саудиска Арабија, Иран, па и од Србија и Црна Гора, кои на тој начин станале државјани на земја членка на ЕУ. Неспоменувајќи ги другите познати личности, западните медиуми меѓу ваквите ги истакнуваат рускиот „крал на алуминиумот“ Олег Дериспаска и неговиот сонародник Алекадар Пономаренко, индустријалец чие богатство е проценето на три милијарди долари и кој е познат дека како голем руски патриот изградил дворец кој се проценува на 350 милиони еври, во кој наводно приватно престојувал и рускиот претседател Владимир Путин.