Кипар ги заострува мерките

Кипар ги заостри мерките за влез во земјата, некои држави станаа дел од црвената листа по зголемувањето на бројот на новозаболени.

Од почеток на неделата државјаните на Шпанија, Белгија, Литванија, Шведска и Србија се обврзани на двојно тестирање на коронавирус за да влезат во Кипар бидејќи се наоѓаат на црвена листа.

Патниците од зелената листа на која се наоѓаат држави со мал ризик, не мора да се тестираат, ниту да одат во карантин.

На црвена листа се наоѓаат Холандија, Португалија, Малта, Албанија, САД, Црна Гора, Русија, Украина и многу други. Македонија се наоѓа во портокаловата листа на земји што значи дека државјаните од овие земји за влез во Кипар мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.