Кипар: Ниту една странска банка не го напуштила островот

Ниту една од странските банки што работат во Кипар, не го напуштила островот како резултат на кризата предизвикана од одлуката на Еврогрупата од март оваа година да се скратат необезбедените депозити како услов за доделување на спасувачки кредит на Кипар, пренесе „ИТАР –ТАСС“, соопшти за весникот „Сајпрус мејл“, лидерот на владејачката партија Демократски собир (ДИСИ), Авероф Неофиту.

„Одлуката на Еврогрупата нанесе удар на нашата земја и меѓународните банки, водечки операции во Кипар. Сепак сите странски банки успеаја да ја надминат тешката ситуација и да ги обноват нивните загуби“, рече Неофиту.

Неофиту додаде дека ниту една од 26-те странски банки не го напуштила островот и дури сега се во подобра позиција од порано.

„Тие ја демонстрираат доверба кон Кипар и пријавија добивки за оваа година и покрај се’ што се случи“, истакна Неофиту.