Кипар почнува да ги приватизира државните претпријатија

„Државната телекомуникациска компанија прва ќе се најде на листата за продажба, а тоа ќе биде за две години“, изјавил портпаролот на кипарската влада, Христот Стилијанидес, додавајќи дека потоа ќе следи продажба на енергетски компании и пристаништа.

Од кипарската влада е побарано да изработи план за приватизација за да може да ја добијат следната транша од 180 милиони евра од целокупниот пакет од 10 милијарди евра.

Во замена за доделениот пакет помош, меѓународните кредитори од Кипар побараа да ја затвори втората најголема банка, Лаики, за да може да ги намали депозитите поголеми од 100.000 евра во Банката на Кипар.