10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Кирјакидес: Потребна е побрза процедура за вакцините против новите соеви на корона

Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес рече дека ЕУ ќе ги забрза процедурите за користење  „подобрени“ вакцини против новите варијанти на коронавирусот.

Во интервју за денешниот германски Аусбургер, Киријакидес најави и забрзување на вакцинацијата во ЕУ во вториот квартал од 2021 година и го повтори очекувањето дека 70 проценти од Европејците ќе бидат вакцинирани до крајот на летото.

„Заедно со Европската агенција за лекови, решивме дека вакцините што производителите ги„ подобруваат “со цел да се борат против новите мутации, не мора да поминат низ целиот процес на одобрување. На тој начин побрзо ќе се стават на располагање соодветни вакцини без да се загрозува безбедноста “, рече Стела Киријакидес.

Досега Европската агенција за лекови им даде одобрение за употреба на вакцините против ковид-19 на компаниите „Фајзер и БиоНтех“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, а вакцината на компанијата „Кјурвак“ исто така влезе во постапка за одобрување.

За германскиот весник, комесарката Киријакидес го повтори ставот на Европската комисија дека затворањето на внатрешните граници во ЕУ не е ефикасно оружје против вирусот и неговите нови варијанти.