Кирјаков: Ако ме изберат за градоначалник на Благоевград, ќе ги прогласам Зоран Заев и Никола Димитров за персона нон грата

Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков, најави дека Зоран Заев и Никола Димитров ќе ги прогласи на непожелни личности во Благоевград ако биде избран за градоначалник на најголемиот град во Пиринска Македонија.

Есента 2020 година ќе се спроведат делумни избори за градоначалник на Благоевград. Ако граѓаните на Општина Благоевград гласаат за мене и ме изберат за градоначалник, јас ќе ги прогласам Зоран Заев и Никола Димитров за persona non grata во Благоевград, порача Кирјаков на Фејсбук.

Кирјаков е еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“, која не е призната во Бугарија, па на локалните избори минатата есен настапи како кандидат на Движењето „Заедно за промена“ и освои 266 гласа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.